MK AL SL HR-SR
     
 
Производи
 
Formula 1
  Нутриционистички заменски оброк
Formula 2
  Мултивитамински комплекс
Растителни влакна
   
Formula 3
  Протеински додаток
Останати Производи
  Aloe концентрат
Cell Activator
Thermojetics напиток
Thermojetics zolt
Минерали со витамин C
Guarana
Herbalifeline
Rose Ox
Калкулатор на ИТМ
 

ИТМ
индекс на телесна маса;
BMI

Body Mass Index


 
Herbalife во Спортот
   
 
 
FORMULA 1 – НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ЗАМЕНСКИ ОБРОК
 

Сè што му е потребно на организмот – комплетен и здрав оброк

Формула 1 е темелот на нашата програма. Станува збор за целосно избалансирана и научно формулирана извонредна мешавина од високо квалитетни протеини од соја,  добри јагленохидрати, 23 витамини и минерали, аминокиселини и растителни влакна, дизајнирана така што директно ги исхранува клетките во организмот. Формула 1 е најквалитетната и најсигурната храна на денешнината.
Протеинот од соја е висококвалитетен протеин од растително потекло што во себе не содржи масти. Бројни научни истражувања докажуваат дека протеинот од соја е корисен за одржување здравјето на срцето во рамките на оптималниот начин на живот. Дневен внес на најмалку 25 грама протеин од соја помага во намалувањето нивото на холестерол во крвта. Протеинот помага да се ублажува чувството на глад и да се одржува здрава немасна мускулна маса. Желбата да изедете уште нешто иако веќе сте внесле доволен број калории најчесто е сигнал дека организмот не ги добил сите потребни хранливи материи, односно, добил т.н. „празни калории“ (од засладени сокови, чипс, смоки и други „грицки“,чоколади и други слатки, како и од т.н. „брза храна“). Еден оброк Формула 1 содржи 10,6 гр. протеини од соја.

 

Својства на Формула 1:

  • Создава чувство на ситост и задоволство и му дава енергија на организмот.
  • Претставува добар извор на растителни влакна.
  • Богата е со витамини и минерали, меѓу кои и антиоксидансите А, Ц и Е, кои помагаат при заштита на клетката од штетните влијанија на загадениот воздух, водата и храната.
  • Содржи Aminogen®, откритие во технологијата на ензимите, којшто ја подобрува апсорпцијата на протеините од храната.
  • Кога се користи во спрега со немрсна и нискокалорична храна, може да помогне да се намали нивото на холестерол во крвта.
  • Претставува комплетна замена за оброк, а нејзините висококвалитетни состојки ги задоволуваат сите потреби на организмот.
  • Се произведува во 4 вкуса: ванила, јагода, чоколадо и капучино.

Начин на употреба:

  • Појадок: 2 супени лажици на Формула 1 и 1-2 лажици Протеински додаток се раствораат во 2,5 дл течност (млеко до 1,5% масленост, овошен сок или јогурт без додатоци на шеќер); додадете овошје по желба.
  • Ручек: избалансиран традиционален оброк по избор.
  • Вечера: 2 супени лажици на Формула 1 и 1 лажица Протеински додаток се раствораат во 2,5 дл течност; додадете овошје по желба.