| |
|
|
| |
 |
THERMOJETICS РАСТИТЕЛЕН НАПИТОК |
|
| |
Енергенс, термогенетик, елиминатор на салото
Thermojetics е инстант напиток направен од 54 видови тревки и лековити билки од кинеско потекло, богати со антиоксиданси, замислен да биде алтернатива на традиционалното кафе и чај. Ваквиот избор на билки има брзо дејство: orange pekoe, кардамон, слез, хибискус, екстракт од зелен чај заедно со природен кофеиснки прав. Зелениот чај содржи полифенолен антиоксиданс епигалактекин - галат кој според истражувањата го спречува оштетувањето на клетката. Се препорачува при напорна умствена или физичка работа, при спортување, при појава на премаленост, при напорни и долги патувања и како дел од програмата за намалување на зголемената телесна тежина.
|
| |
-
Го подига нивото на енергијата во организмот
-
Ги подобрува ефектите на физичката активност
-
На природен начин го поттикнува процесот на согорување на мастите и масните наслаги во организмот и нивното претворање во глукоза – енергија потребна на клетките (процес на термогенеза),
-
Се препорачува на секој оној што е изложен на зголемен напор, а посебно на спортисти поради стимулативниот ефект што го има оваа смеша од билки. Секоја чаша од овој растителен напиток содржи доза кофеин соодветна на еден филџан кафе.
Познато е дека кофеинот ги подобрува спортските резултати, ја забрзува работата на срцето и помага во мобилизацијата на мастите. Кофеинот ја подобрува издржливоста и помага при совладувањето на заморот при вежбањето особено кај спортистите и кај секој што се занимава со некоја физичка активност. Кофеинот му помага на организмот по вежбањето побрзо да ги апсорбира јагленохидратите и да направи залихи од гликоген во мускулите и во црниот дроб.
Начин на употреба: 1 мала чајна лажица напиток во прав се раствора во 1,5-2,5 дл течност. Најдобро е да го земате напитокот за време на ужината, околу 10-11ч и околу 16-17ч, или по потреба во текот во секое време.
Еден филџан чај со оригинален вкус содржи само 5 калории, а овошните вкусови содржат 6 калории
|
| |
 |
GUARANA |
|
| |
Енергенс, еликсир на младоста и чистач на крвотокот
Гуараната е билка што расте во некои предели на амазонските прашуми и Индијанците во Јужна Америка со векови ја користат поради нејзините терапевтски, енергетски и освежувачки својства. Направена со помош на најмодерната технологија и во комбинација со други лековити билки целосно со право го носи називот „еликсир на младоста и долговечниот живот“.
-
Го забавува стареењето на клетките
-
Спречува појава на артериосклероза и несакани кардиоваскуларни промени
-
Го прочистува крвотокот, ја подобрува циркулацијата и на тој начин ги намалува невралгиите, мигрената, главоболките и ментруалните проблеми
-
Ја регулира работата на цревата
-
Претставува добар диуретик (го подобрува и го забрзува излачувањето)
-
Ја зголемува концентрацијата и го подига енергетското ниво во организмот, го ублажува заморот и ја враќа силата.
Начин на употреба: по 1-2 брикети по потреба (максимум 4 дневно)
Секоја брикета содржи 800 мг органски произведена Гуарана и 32 мг кофеин во природен облик (кој, за разлика од други извори на кофеин, не е агресивен за органите за варење на храната,).
|
| |
 |
CELL ACTIVATOR - АКТИВАТОР НА КЛЕТКИТЕ |
|
| |
Активатор на енергијата и природната ревитализација
Кога секојдневно консумираме преработена храна нашето тело однатре изгледа како сунѓер по темелно чистење на шпоретот. Виталната, животна енергија не е способна лесно и непречено да струи низ такво тело.
Cell Activator е уникатен производ на Herbalife што ја поттикнува природната ревитализација, но тоа го прави на специфичен начин – помага во создавањето и искористувањето на енергијата во секоја од милијардите клетки од кои е изградено нашето тело. Психичкиот и емотивниот стрес ги трошат залихите на витаминот Б и на другите хранливи материи. Освен тоа, витаминот Б се раствора во вода и затоа треба секојдневно да го внесуваме овој витамин и да пиеме доволно вода. Со Cell Activator вашиот организам целосно ќе ги користи хранливите материи од вашата класична исхрана.
Cell Activator е научно формулиран производ, комбинација од витални хранливи материи и посебно одбрани билки, дизајнирана со цел да го поддржува и да го унапредува Кребсовиот циклус (циклус на лимонска киселина).
|
| |
-
Јаболков оцет, лимонска киселина, минерали: цинк, манган, бакар;
-
Лута пиперка – содржи капсаицин за кој се верува дека помага за подобра апсорпција и асимилација на хранливите материи од храната, а може да има и ефект на термогенеза;
-
Cholorela (зелена алга) богата со биоприфатливи витамини и минерали, растителни протеини, бета-каротин и хлорофил. Извонреден чистач на организмот.
-
Cordyceps (печурка) – помага во создавањето енергија во АТП форма; ја зголемува енергијата и издржливоста на организмот; традиционално се кориси во Кина.
-
Aretic root (Rhodiola) – поларна билка што го потпомага одржувањето рамнотежа во телесните системи, помага во создавањето позитивното раположение;
-
Lactoferrin – природен протеин од сурутка, се добива од млеко;
-
Витамини Б1, Б2 и Б6 – витални хранливи состојки што му се потребни на организмот при производство на енергијата.
Начин на употреба: по 1-3 капсули со или по секој оброк (трипати дневно), за да ги искористите дигестивните ензими што се достапни кога во желудникот има храна.
Cell Activator е особено важен за вегетаријанците кај кои е осиромашен внесот на витамин Б зашто не јадат месо.
|
| |
 |
THERMOJETICS YELLOW |
|
| |

Регулатор на шеќерот и мастите (холестерол) во крвта
Прехрамбен интегратор направен врз база на хром и билката Garcinia Cambogia. Хромот е посебно важен за организмот бидејки го регулира претворањето на мастите, гликозата и инсулинот, а Garcinia го намалува претворањето на шеќерот, мастите и липидите во наталожен отпад во дебелото црево, а ја зголемува искористеноста на мастите во крвта. Идеален сојузник на оние што сакаат да слабеат. |
| |
-
Го намалува нивото на холестерол и триглицериди
-
Го регулира нивото на шеќерот и мастите во крвта
-
Ја намалува желбата за слатки, па затоа им помага на оние што имаат потреба да јадат доцна навечер.
Начин на употреба: 1-2 брикети двапати дневно со главните оброци
|
| |
 |
HERBAL ALOE НАПИТОК |
|
| |

Чистач и детоксикатор на организмот, исцелител на воспалителни процеси
Посебен екстракт врз база на сок од Алое Вера, во комбинација со бетакаротен, витамин А и PP, калциум и магнезиум, и јагленохидрати, а без масти и белковини.
Посебно се препорачува кај луѓе што се опоравуваат од болести и по фармаколошки и хемотераписки третмани. |
| |
-
Ги исцелува раните и ја одржува кожата здрава
-
Ги смирува тегобите од жолчни киселини, гастритис и помали чиреви во желудникот
-
Го регулира варењето на храната и работата на цревата
-
Помага кај бубрежниот и жолчниот камен
-
Ја намалува надуеноста и отеченоста на стомакот
-
Го регулира крвниот притисок и помага во намалување на отоци на рацете и на нозете
-
Ја подобрува исхраната на клетките и нивната регенерација
-
Претставува моќен детоксикатор
-
Го реактивира и го стимулира имунолошкиот систем
-
Штити од појава на тумори и други видови рак.
Начин на употреба: 3-4 капачиња од сокот се додаваат во 2 дл вода и се пие наутро на празен стомак, а по потреба и во текот на денот. |
| |
 |
АНТИОКСИДАНТИ |
|
| |
Ловци на слободните радикали
Слободните радикали се поединечни нестабилни молекули на кислород за кои се смета дека го заслабнуваат нашиот имунолошки систем и ја потикнуваат појавата на срцеви и заболувања на крвните садови, дијабетес и рак. Присуството на слободни радикали во организмот е поизразено во присуство на загадениот воздух во градовите.
Антиоксиданси се ботанички фактори, природни споеви (бетакаротин, витамин Е и C, флавоноиди...) што ги неутрализираат слободните радикали и на тој начин ги штитат клетките од стареење и од опасностите што со себе ги носат отровните материи на кои сме постојано изложени во секојдневниот живот.
|
| |
 |
ROSE OX |
|
| |
Траен чувар од болести
Rose Оx е екстракт од рузмарин (и самиот одличен антиоксиданс), специјално комбиниран со други антиоксиданси и лековити билки, како што се екстракт од брокула, зелка и морков што се богати со хранливи материи, екстракт од куркума којашто содржи витамин Ц и Е и екстракт од домат, исто така богат со витамин Ц. Rose OX содржи и железо, магнезиум и цинк. Оваа ексклузивна формула го зголемува дејството на природните антиоксиданси што се наоѓаат во овошјето и зеленчукот. Rose Оx припаѓа на најновата генерација антиоксиданси и е прв антиоксиданс со продолжено каскадно дејство. Се препорачува кај луѓето што најчесто не успеваат да јадат доволно овошје и зеленчук и кај оние што се изложени на прекумерни количества токсини како што се кофеинот, алкохолот и загадувачите од околината. |
| |
-
Го зајакнува имунолошкиот систем – ја зголемува отпорноста на отрови, зрачење, бактерии, вируси, трауми, стрес и дегенеративни процеси
-
Го спречува создавањето масни наслаги во артериите, ја спречува појавата а често помага и во лекувањето на крвните и срцеви заболувања, дијабетесот, ракот, пулмолошките и очни заболувања, анемијата, многуте инфекции...
Начин на употреба: 1 брикета дневно со главниот оброк. Лицата изложени на поголеми физички напори и на големи стресови може да го употребуваат и почесто.
|
| |
 |
HERBALIFELINE |
|
| |
Храна и чувар на срцето, на зглобовите и на коските
Не се сите масти што ги внесуваме штетни за организмот. Познато е дека масните киселини Омега-3 и Омега-6 го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го спуштаат крвниот притисок. Меѓутоа, односот меѓу Омега-6 и Омега-3 во нашата исхрана е неурамнотежен (20:1). Сувата кожа е вообичаен сигнал дека има недостиг од масни киселини.
Herbalifeline е посебен производ во кој се интегрирани масните киселини Омега-3, селенот, витаминот Е, глогот, октакосанол – јагленородна органска молекула од масло на пченични ’ркулци и повеќе од 20 видови морски липиди.
|
| |
-
Ги храни срцето, артериите, зглобовите и коските
-
Ја зголемува бистрината на умот, ја подобрува координацијата и способноста за учење
-
Го зајакнува имунолошкиот систем,
-
Заштитува од појавата а често помага и во лекувањето на крвните и срцевите заболувања, дијабетесот, ракот, кожните болести, псоријазата, ревматичниот артритис...
Начин на употреба: 1-3 гел капсули пред секој оброк трипати дневно |
|
| |
|
|
|